Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 253 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало 15 приеми, додека во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника имало по девет нови приеми на пациенти во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 15 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 34 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 15 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.