Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника три.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени девет оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центарот на Кожната клиника се лекуваат 14 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести три пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

Од министерството за здравтсво информираат дека вкупно 287 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.