Патот за Теферич… поплавени куќи. Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски никаде ги нема да реагираат, напиша во групата „Ѕид на сообраќајниот срам  Билјана Велјановска. Таа постави и видео каде се гледаат штетите.


Граѓаните се жалат дека речиси една година се реконструираат 200 метри пат, а градежните работи не се ни при крај. Според нивните тврдења два месеци никој не работи, а тие секојдневно мака мачат со раскопаната улица и огромните кратери. Дождовите дополнително ја отежнуваат проодноста во овој дел од Кисела Вода, ја раскопуваат улицата, а нивното излегување и враќање дома со автомобил станува невозможна мисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.