ЈСП Скопје информира дека во недела (13.11.2022 год), во период од 16.30 до 19 часот, поради одржување на улична трка по повод празникот 13-ти Ноември, поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

Линиии 3, 3А и 3Б – * во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама

* во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линија 4 – * во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 4А – * во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса

* во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 5 – * во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса

* во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија 7 – * во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија 15 – * во насока на Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линии 21, 21A, 21Б и 22 – * во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

* во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса

Линија 23 – * во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат.

*во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија 24 – * во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по бул. „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди и продолжува по својата траса.

* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“ и ќе продолжува по својата вообичаеена траса.

Линија 27 – * во насока од населба Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат.

* во обратна насока од булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линии 50, 50А, 57 и 59 – *во насока на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по својата вообичаена траса.

*во обратна насока ќе се движат по истата вообичаена траса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.