Помор на риби поради загаденост на водата во реката Вардар утрово е забележан по течението од населбата Аеродром до Трубарево. За оваа несекојдневна слика во водите на Вардар жителите од Аеродром го алармирале Центарот за управување со кризи.

По пријавата екипи од Инспекторатот на Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ излегле на терен и земале примероци од водата за испитување каде бил забележан поморот на рибите. Анализите треба да покажат со што е загадена водата во која настрадаа рибите.

Првичните сознанија се дека загадувањето на реката доаѓа од индустриските капацитети во кругот на поранешната фабрика „Железара“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.