Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје апелира до градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов да обезбеди веднаш и неодложно зголемен број на капацитети, поточно автобуси за јавен превоз.

Превозот со автобуси поради недостаток на автобуси што е последица на неодговорно однесување на градот станува потенцијална бомба за ширење на корона вирус.
Граѓаните се изложени на гужва, турканици поради недостаток на автобуси за јавен превоз. Како да се држи растојание согласно прешораките од два метри кога во автобуситр на Шилегов нема простор ниту од 2 сантиметри поради гужвата и непланското работење. Затоа треба посебен режим и план за јавен превоз. Помалку сликање, повеќе работа!, порачаа од Советничкатa група на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.