Дел од корисниците на булеварот „3-та Македоска бригада“ бб: „Жито Лукс“, Метро рибарникот, „Вива сокови“ и неколку куќи утре од 13:30 часот нема да имаат вода поради изведување водоводен приклучок.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе трае до завршување на зафатот.

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ број 113 и број 111 во населба Драчево денеска ќе бидат без струја.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот ќе трае од 9 до 11 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.