На улица „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде организрано свечено отворање на манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2020“.

Оваа година ќе се одржи 16. по ред издание на „Денови на македонскиот мед“.

Како што соопшти организаторот на настанот, пчеларското здружение  „Матица“, посетителите на манифестацијата ќе можат да ги разгледаат штандовите со мед и пчелни производи, како и да ја проследат подготвената програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.