Јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија, се занаетчиите кои од денеска ќе може да конкурираат за субвенции на повикот што го објави Град Скопје.

Со повикот се опфатени старите занаети и занаетчиските дејности во изумирање. Субвенциите се во висина од 10.000 денари за што во градскиот буџет се предвидени 500.000 денари преку Програмата за финансирање проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата.

Рокот за доставување на апликациите е до 10.12.2022 година.

Право на учество на јавниот повик имаат: занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година и занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија, наведуваат од Град Скопје.

За потребните документи и субвенционирањето, повеќе детали може да се прочитаат на https://skopje.gov.mk/media/8929/javen-povik-za-subvencii-za-zanaetgii.pdf, а информации може да се добијат и во Одделението за поддршка на развој на занаетчиство и трговија на (02) 3297-372 и 3297-328.

-Барањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање до Град Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 10.12.2022 година. Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, по принципот „Прв дојден прв услужен”, информира Градот.

Ненавремена и нецелосна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата, а доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страницa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.