Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед.

Ова не е прва активност на Град Скопје кога станува збор за реконструкција на јавните простори во градот, поточно кејот на Вардар и Градскиот парк. Покрај целосно исчистеното корито на Вардар од хотелот „Александар Палас“ до Аеродром што преставува големо задоволство за скопјани, Град Скопје е во завршна фаза и со реконструкцијата на шеталиштето на кејот „13-ти Ноември“, а во тек е и реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градски Парк, каде веќе се обновени и сите пешачки мостови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.