Делегации од кабинетот на претседателот на државата премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и странски делегации по повод 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положија цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Со положување цвеќиња почит на жртвите во земјотресот во Скопје што се случи пред 58 години, дадоа и делегации од политичките партии, од општините во градот Скопје, претставници од Црвениот крст на град Скопје, претставници од јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани, како и делегации од странство во нашава земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.