Сопственикот на „Апче“, најпознатата и најстара слаткарница во Скопје, Елем Кадриа, вчера почина, соопштија вработените во слаткарницата.

Со длабока болка и жал ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот татко, дедо и газда на слаткарницата„ Апче“, со големо срце, за жал почина. Погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во Село Јаловјане Тетово, напишаа на „Фејсбук“.

Тие потенцираа и дека скопската легенда не почина од коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.