Коалицијата Менуваме, која се бори за правата на лицата со попреченост, денеска требаше да постави шатори пред Собранието, во Жена парк, но Град Скопје не им дозволи.

Од Град Скопје за медиумите не одговараат на што се должи оваа одлука, со оглед на тоа што протестниот камп беше уредно најавен.

Лицата со попреченост во вторникот одржаа протестен марш, на кој побараа државата да им овозможи достоинствен живот. Побараа да бидат еднакви, побараа поддршка од заедницата, но не добија ниту дозвола да протестираат.

На протесниот марш ов Владата до Собранието паратираа педесетина лица со попреченост, нивни блиски и малкумина поддржувачи. Не се појави ниту еден политичар, јавна личност, министер, не дојде ниту претседателот на државата.

Пред Собранието лицата со попреченост ја испеаја химната, а потоа ги наведоа своите барања.

Нивните барања се јасни, лицата со попреченост да бидат видени и истовремно присутни во општеството, да покажат дека и тие знаат да пеат, играат и да се радуваат. На 21 јули тие нивните барања ги поднеле до Владата, но до денеска немаат никаков одговор.

Тие бараат подобрување на социјалната заштита на лицата со попреченост со зголемување на месечниот надоместок на 12 000 денари, како и намалување на границата за добивање додаток од 26 годишна на 18 годишна возраст.

Од Коалицијата додаваат дека ќе бидат гласни се додека не се исполнат нивните барања. Бараат средба со премиерот Заев и седница на која ќе можат заедно да донесат одлука за лицата со попреченост и истата да биде во ставена во функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.