Советот на Град Скопје на утрешната седница ќе одлучува за доделување парична помош за шесте семејства чии домови беа опожарени во пожарот што се случи минатиот месец во Шуто Оризари.

Вкупната сума наменета за помош на овие семејства е 450.000 денари. За секое семејство чиј дом е целосно опожарен предвидено е да се додели по 100.000 денари а семејствата чии домови беа делумно опожарени ќе добијат по 50.000 денари.

Со средствата не се бришат последиците и сеќавањата од ужасниот пожар , но се надминуваат состојбите што настанале. Град Скопје останува да биде со своите сограѓани секогаш кога тие имаат потреба од помош и поддршка – велат од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.