Таблата со новата ознака на споменикот „Воин на коњ“ не издржа ни еден ден од поставувањето. Таа синоќа беше одлепена од споменикот на плоштадот Македонија во Скопје, само неколку часа од поставувањето.

Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ, стоеше на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ .

Деновиве покрај поставувањето ознаки на спомениците, почна да се отстранува и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.