Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, по објавената снимка на која Горица Илијоска на насобраните ученици во холот на гимназијата им се заканува со последици, доколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест. Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото. Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно. Токму заради иднината на нашите млади, се вели во соопштението.

Претходно, потпретседателот на партијата Коста Петров преку „Фејсбук“ порача дека не гарантираат за последиците од таквите недолични изјави како нејзината.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.