По 45 дена од вчера повторно е отворен пазарот „Eвропа“ во Шуто Оризари.

Одговорните лица на овој пазар информираат дека повторно е направена дезинфекција на целиот пазар.

Тие ги замолуваат сите посетители да ги почитуваат мерките за заштита, да носат маски. Оние кои немаат маски ќе добијат бесплатно при влез во пазарот. Исто така, ќе бидат поставени средства за дезинфекција на раце на сите влезови од пазарот.

Одговорните апелираат дека приватното обезбедување на пазарот ќе реагира доколку посетителите не го почитуваат правилото за групна посета.

Само за потсетување, пазарот беше затворен на 21 март поради коронавирусот во нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.