Старите и оштетени канти за отпадоци во паркот „Јане Сандански“ во скопски Аеродром се заменуваат со нови.

Во периодот кој следува ќе биде извршена санација на клупите и другите елементи во овој парк, информираа надлежните.

Од општина Аеродром уште еднаш упатија апел за совесно однесување на посетителите.

Апелираме до граѓаните на совесно однесување кон урбаната опрема и на фрлање на отпадот строго на обележаните места со цел зачувување на чистата и здрава животна средина, порачаа надлежните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.