Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди еднократна парична помош и сместување на семејствата кои вчера ги загубија домовите во пожарот во Шуто Оризари, а во кој загинаа две деца.

Министерката Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности испрати стручни лица на терен, се со цел навремено згрижување на семејствата. Екипа на Центарот за социјални работи Скопје направи увид на лице место. Според надлежностите на МТСП, понудено им е сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово, а веќе едно од семејствата кое прифатило, ќе биде сместено веднаш. Исто така, МТСП ќе обезбеди еднократна парична помош за семејствата како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите“, соопштија од Министерството.

Пожарот избувна вчера околу 14 часот на улицата Брсјачка Буна. Целосно изгоре куќата во сопственост на Р.А. (29), а беа зафатени три соседни куќи. Во болница биле пренесени пет лица, а во опожарената куќа биле пронајдени изгорени две тела на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.