Денес околу 19 часот во Градски Парк врз мене падна пано со железна конструкција со програмата на Summerland. Пано од 3 метра ставено на нерамен терен без никаква заштита го бутна ветерот точно на пешачката патека до школка кај фонтаната за кучиња. Имам огромен хематом на десната нога и набиени ми се малиот прст, зглобот и подлактицата на раката. Да биде стравот поголем го буткав син ми со количка пред мене. Од ударот количката се преврте но за среќа се задржа за да не лупне со глава на цименто. Да бев 5 сантими поназад паното ќе паднеше врз него, пишува на Фејсбук повредената Наталија Пешиќ која вели дека има намера да го тужи организаторот заради оваа несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.