Владимир Блажев – Панчо заедно со неговиот колега од дуото ДНК, Андреј Ѓорѓгиески денекса се сретнаа со независната кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска и новиот градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски. Како што сподели Панчо, разговарале за различни теми меѓу кои и темата која најмногу ги засега нив и сите нивни колеги од македонската сцена.

Разговаравме и се сложивме околу тоа дека македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав поготово оние алтернативни и кавер бендови кои имаат помали можност да настапат пред јавноста или на комерцијални места. Дојдовме до заклучот и ветување од нејзина страна дека ако стане градоначалничка односно мајка на Скопје ќе реализира повеќе културни настани вклучувајќи многу повеќе македонски изведувачи. Се сложи и со тоа дека кај македонските артисти има многу квалитетни изведувачи и дека ќе настојува да ги ангажира согласно видот и потребите на настанот. Странски гости се секогаш добредојдени но исто така треба да си го цениме своето, домашното, македонското. Исто така ни вети дека ќе се погрижи Скопје да биде почисто, позелено, место во кое што сите граѓани ќе се чуствуваат безбедни и најбитното дека будно ќе го следи и чува наше мило Водно и силно ќе се бори против урбаната мафија и неговото уништување. Ние ја држиме за збор и се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно мајка која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје. Да не заборавиме дека мајка си е мајка, татко може да биде секој.
ПС: Ни ја пофали и нашата последна песна „Сите патиша” за која кажа дека и будела убави спомени од детството и ја вратила во времето на нејзиното безгрижно детство и на другарите со кои израснала и со кои и ден, денес комуницира, сподели Панчо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.