Интензивно е чистењето на градот од неправилно паркирани возила.

Автомобилите на граѓаните почнаа да се креваат од пред зграда, пишуваат жителте на Аеродром на социјалните мрежи.

Нека одат од другата страна на Вардар да креваат возила! Ако смеат!, коментира еден револтиран скопјанец.

Во право се што ги креваат, паметно, пак нека се паркираат на тревна површина и на тротоар, вели скопјанецот Зоран.

Затоа што сите сакаат со колата дома да влезат, а ако отидат 200 метри подолу ќе најдат. Друга приказна ќе биде кога ќе им текне да стават зонско и во Ново Лисиче, ќе си бирате каде да паркирате, пишува Бојан.

Вчера полицијата санкционирала и 122 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подгинати биле 90 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.