Шефот на Кабинетот на градоначалникот на Скопје Никола Наумов вели трпел многу притисоци од потенцијални гласачи „да им заврши работи“ поврзани со услугите на градот Скопје.

Се надевам дека еден ден нема да работам за Град Скопје па ќе можам отворено да ви кажам кој све какви непристојни услуги бараше од мене сиве овие години. Пајаче, терасиче, инверторче, дуќанче, бројче за даноци, вработување… Едно време се надевав дека моите одбивања ќе им значат нешто после неколку години и дека ќе гласаат „за“ на следните избори заради принципиелното „не“. Ама не, маќедонци се тоа, ги гледам више отидоа у вмро/левица и блујат на сите страни за привилегии и криминали, пишува Наумов на Твитер.

Во коментарите на Наумов му се сугерира да ги пријави за корупција сите што му барале непристојни услуги согласно кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.