Оштетени се три паркирани возила откако дрво падна врз нив по денешниот силен ветер во Скопје. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ апелираше граѓаните да бидат внимателни додека трае невремето.

Падна уште едно навидум зелено и здраво дрво во близина на Зеленото пазарче во Општина Центар, оштети три паркирани автомобили и за среќа, нема повредени жители.
Ги замолувам граѓаните да бидат внимателни додека се движат по улиците и да не ги паркираат своите автомобили во близина на дрвјата додека трае невремето проследено со силен ветар, напиша Богдановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.