Општина Ѓорче Петров, во сабота (11 декември) ќе спроведе акција за собирање на кабаст и зелен отпад за жителите на населените места Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука и Ново Село.

Во сабота 11.12.2021 во периодот од 7 до 10 часот жителите на Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука и Ново Село корисниците на услугите на „Екофлор“ ќе можат да ги одложат непотребните работи од домаќинствата како и зелен отпад, кој треба соодветно да е спакуван, на следните пунктови:

 

Волково – спроти ресторан „Стара воденица“

 

Пржина – претпоследна станица 22

 

Ново Село – трансформатор после Месната заедница

 

Кисела Јабука – преширувањето на пругата

 

Стопански Двор – на проширувањето помеѓу ул. 51 и ул. 52 (по текстилната фабрика) – информира градоначалникот Александар Стојкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.