Ново ѕверско мачење се случило деновиве во Скопје. Во Бардовци со импровизиран колец смртно е  прободено кучето Дино, големата бела добрина, маалски миленик.

Дино испуштал душа  во рацете на странски државјанин кој го познавал и хранел, кој е во најмала рака во таков шок поради кој, сме убедени, дека нема никогаш да го заборави впечатокот од Македонија.

Кучето било прободено со колец во вратот е слика и прилика на нашата држава!

Нудиме финансиска награда од 10 000 денари за сведоштво или доказ за сторителот на ова умоболие во Бардовци. Повторно потсетуваме, садистот способен за таков насилен акт врз невино животно е способен истото да го направи и на луѓе-велат во Анима Мунди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.