Отказ доби лицето кое вчера додека чисти по скопските улици го фрла отпадокот што го собрал во водите на Вардар.

Од раководството на Комунална хигиена известуваат дека се превземени сите мерки за расчистување на овој случај.

Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, којшто сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Од овие причини беше донесена одлука денеска – 10.06.2019г., ова лице да биде отстрането од работното место.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работи на подигнување на нивото на хигиената и чистотата во градот Скопје, притоа бележејќи драстично процентуално зголемување на количествата на отстранетиот отпад од диви депонии, како и отпадот што се собира од домаќинствата и правните субјекти, во споредба со изминатите години.

Во овој контекст, би сакале да ве известиме дека ниту едно прекршување на работната етика и дисциплина, ниту пак обид за уривање на угледот на Претпријатието нема да бидат толерирани и против сторителите ќе бидат преземени најстроги казнени мерки, стои во соопштението на „Комунална Хигиена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.