По собирот кој го организираше ЛГБТ заедницата во Скопје на кој можеше да се види перформанс за кој како што велат од заедницата ги искажувале своите чувства и како биле прифатени во општеството, свој коментар за настанот имаше  Отец Пимен кој на Фејсбук напиша дека со таков перфирманс се повредени христијанските чувства, очекувајки дека за истото можеби ќе биде наречен и хомофоб.

 

Ќе кажам дека ја претерале, дека ни ги повредуваат чувствата христијански и веројатно ќе бидам искритикуван од истите дека сум конзервативен хомофоб.
И ќе сум се додека во име на вашите слободи на сексуална определба мислите дека мнозинството треба се да трпи, да ви простува и дозволува.
Гордејте се бре луѓе по парадите ако сакате. Верувајте си дека има на што да сте горди, ама малку и остет имајте.
Верувам дека осудување на овој чин ќе има и во самата ЛГБТ заедница, бидејќи познавам многумина од нив и никој од нив не спомнал дека мора да го исмева христијанството за да биде респектиран член на истата заедница.

За илустрација еве до кај им оди слободата, напиша на својт Фејсбук профил Отец Пимен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.