Атмосферската канализација помага за одведување на дождовните води и спречува создавање на поплави. Со овој зафат во урбаната заедница „Цветан Димов“, се поставува атмосферска канализација и тоа на улиците „Вера Јоциќ“, „Тодор Паница“, „Тодора Паница 1“, „Вера Јоциќ 1“, „Вера Јоциќ 2“, „Георги Димитров“, „Новопроектирана 1“, „Михаил и Ефтихиј“, „Новопроектирана 2“, „Георги Димитров 1“, „Дичо Петров“,„ Дичо Петров 1“ и на „Тоне Томшиќ“ се одвиваат градежните работи за поставување на атмосферска канализација со вкупна должина од 2712 метри.

Поставувањето на атмосферска канализација се реализира преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, извршија увид во работните активности  и ги замолија изведувачите да ја зголемат брзината и ефикасноста на изведба на работите и улициге да се вратат во функција што е можно поскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.