Општина Чаир со апел: “Помогни за почиста животна средина, почни од себе и твоето семејство! Почитувај ја искрената работа на работниците!“

Општинските служби за одржување на јавната чистота се наоѓаат на терен вршејќи ја највредната работа работа за нашето здравје – чистењето на улиците од фрлениот отпад таму каде не му е местото и несомнено дека ја заслужуваат нашата почит.

Нивната искрена работа не ја заслужува нашата негрижа. Затоа, почитувани сограѓани размислете добро пред да го фрлите ѓубрето таму каде не му е местото. Почитувај ја потта на искрените работници за твојата нога секој ден да гази низ чистите улици на општината. Помогни колку што можеш за чиста животна средина, започни од себе и твоето семејство!, велат од Општината.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.