Општина Центар ја почна исплатата за финансиската поддршка за реконструкција на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во девет станбени објекти на подрачјето на општината.

Како што информираат од општината, финансиската поддршка во износ од 2.154.837 денари ќе овозможи поправка и санација на станбени објекти на адресите на улица Васил Ѓоргов број 28/22, улица Народен Фронт број 27, булевар Кочо Рацин број 8, улица Народен Фронт број 13, улица Васил Ѓоргов број 18, улица Кочо Рацин број 14 влез 3, улица Водњанска број 60, Булевар Климент Охридски број 25, улица Васил Главинов број 3 влез 8.

Од Општина Центар информираат дека вкупната сума која ќе ја исплатат за поправка и санација на кровови изнесува 524.320 денари, а вкупната сума за исплата за лифтови и кровови изнесува 2.154.837 денари.

Од Општината најавуваат дека во следните четири години ќе доделат 30 субвенции за кровови и лифтови, шест уште во првата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.