Во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен Пазар” протестираат, бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија”, велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Поголем дел од товарните возила на фотографиите се користат за мобилна продажба, а останатиот дел ги злоупотребуваат добиените повластени паркинг карти за вработени во деловен субјект кои служат за паркирање на автомобили, а не за товарни возила. Пазарџиите на крајот на работното време пред напуштање на паркиралиштето користат железни колички за пазарење кои сензорот ги препознава како возила и системот за нив автоматски печати билет. На тој начин тие наместо да платат за цел ден паркирање, тие плаќаат само за еден час, се наведува во соопштението.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.