По 7.000 денари за новороденче денеска добија 100 семејства од Општина Центар. За новороденчињата подароци дадоа и неколку компании. Ова е втор циклус еднократна помош за новороденчињата во Општината.

Градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност и изрази уверување дека во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е шест месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.