Општина Центар реагира на денешниот статус на Фејсбук на Наташа Котлар кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Центар, кој го преносоа дел од медиумите, дека во ООУ „Димитар Миладинов“ имало поплава од вода со фекалии.

Во училиштето е настанат дефект и пукната е цевка од радијатор за топлинска енергија, која веќе се санира.

Станува збор за дефект кој ќе се отстрани во најкраток рок, по што наставата ќе се нормализира. Ваквото заплашување на родителите за потребите на својата кампања нема да и донесат гласови на Котлар за изборите. Апелираме да прекине со оваа пракса. Општината ќе информира точно за деталите околу наставата за најкус рок, велзт од општина Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.