Општина Аеродром со интервентни мерки против загадувањето

Скопје 28.01.2020 / 11:47

Соодветно со препораките на централната и градската власт, и Општина Аеродром ги активираше дополнителните интервентни мерки против загадувањето.

Општина Аеродром, како што информираат во соопштението, ги запира сите градежни активности на градилишта под своја надлежност, ги задолжува сопствените служби да продолжат интензивно да ги чистат јавните површини, а се намалува до 50 отсто употребата на службените возила.

Продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби, работниците на отворено ќе работат од 11 до 17 часот, бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски, а се одложуваат активностите на отворено доколку не се итни, се наведува во соопштението.

Овие мерки, како што информираат од Општина Аеродром, се воведоа веднаш по известувањето од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.