Секое прваче кое посетува настава во некое од основните училишта на територија на Општина Аеродром ќе добие по 3 500 денари. Како што информираат од оваа скопска општина, средствата за таа намена веќе се обезбедени и од денеска почнува и исплатата.

Почна исплатата на еднократната помош која му следува на секое прваче што ќе се запише во едно од основните училишта во Општина Аеродром. Со оваа мерка целта е да се помогне на родителите и дечињата кои живеат во Аеродром, а секој што ги исполнува условите ќе добие по 3.500 денари за секое прваче. Повикот за аплицирање е отворен до 30.09.2022, а образецот и сите потребни информации може да се најдат на овој линк:  – соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.