Општина Аеродром денеска објави оглас во кој ги своите жителит да аплицираат за субвенции за велосипеди. Јавниот повик почнува од денеска, 25 септември, и ќе трае до 9 октомври 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2019 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 9 октомври, може да достави барање за поврат на средствата во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

За аплицирање потребно е барање за надоместок, кое што може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет-страницата на Општината www.aerodrom.gov.mk, доказ за жителство во Општина Аеродром: фотокопија од важечка лична карта или пасош на барателот, фотокопија од трансакциска сметка, како и доказ дека е извршено купување велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од тековната 2019 година.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за купување велосипеди“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Целта на овој проект е да се поттикнат граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.