Европа за тебе, ама и ние за Европа, едно 300.000 денари, пишува на фејсбук претседателот на ОК Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески.

Тој во постот сподели документ од кој се гледа дека општина Аеродром го финансира институтот “Европа за тебе” (типична НВО што го злоупотребува името Европа) каде Татјана Стојаноска Иванова, член на Извршен одбор на СДСМ, е дел од првиот тим.

Наплаќаат сè и сешто, дури и за состанок со градоначалникот се предвидени трошоци. Впрочем и со право, #ЗлаткоМарин треба да платиш за да го видиш. Или да ти платат…, пишува Митески.

Нема пари за ослободување од партиципација, дечиња учат онлајн без компјутери, наставниците користат сопствени ресурси за онлајн настава, ама затоа за институтот на Татјана Стојаноска Иванова има 300.000 денари, пишува тој.

Битно парата да се врти во кругот на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.