Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците направени при набавка на инвертер-клими, што ќе трае заклучно со 18 октомври и ќе се  реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. Жителите што купиле или ќе купат инвертер-клими во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно до 18 октомври, можат да достават барање за поврат на средствата во висина од 50 %, но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство со вклучен персонален данок на доход.

Потребни документи за аплицирање се:

1. Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2263);

2. Фотокопија од важечка лична карта на барателот;

3. Имотен лист за објектот со адреса на подрачјето на Општина Аеродром;

4. Доказ дека е извршено купување инвертер-клима, и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од почетокот на календарската 2019 година до денот на завршувањето на јавниот повик;

5. Фотокопија од трансакциска сметка;

6. Потврда за платен данок на имот за станбен објект каде што е инсталирана климата, заклучно со 2018 година;

7. Изјава (примерок од изјавата може да се подигне во Општина Аеродром) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:

– до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,

– објектот во кој е/ќе се инсталира инвертер-климата не е во фаза на градба,

– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,

– во станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира инвертер-климата нема приклучок кон градско централно греење, без оглед на тоа дали го користи.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за инвертер-клими“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.