Преточување во нова цистерна на винилхлорид мономерот кој што се наоѓа во кругот на поранешниот индустриски комплекс ОХИС безбедно е завршено, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму додаваат дека е направена и инспекциски надзор кој го потврдува тврдењето на компанијата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ, Скопје која е задолжена за процесот.

Како што е соопштено, процесот на преточување на хемикалијата го извршила компанијата CURIUM од Франција, која има долгогодишно искуство и е специјализирана за тоа.

Следува фаза на транспортирање за што се обезбедени сите потребни документи, а се очекуваат точните датуми на транзит на цистерната со опасен отпад низ од државите до конечната дестинација- Германија.

До 2 март 2020, реализирани се три од вкупно пет планирани извози на опасен отпад спакуван во соодветна амбалажа за меѓународен транспорт. До сега се извезени околу 55 од вкупно 80 тони опасен отпад кој веќе е пристигнат и предаден во Валорек Сервисис АГ Базел, инсенератор во Швајцарија каде што на безбеден начин ќе се уништи.

Останатите количини на хемиските супстанции се безбедно спакувани во соодветна амбалажа и се очекува во текот на наредните две недели успешно да се транспортираат и извазат од земјата.

По завршувањето и на последната активност за преточување и соодветно пакување на винилхлорид мономер, како и негов извоз во Германија, во компанијата „SUEZ“ (Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), која поседува дозвола за горење на опасен отпад, ќе бидат реализрани сите активности предвидени со проектот „Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје”, спроведуван од компанијата Екоцентар 97 ДООЕЛ, Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.