Основното училиште “Лиман Каба” во село Љуботен во општина Бутел доби нова компјутерска опрема во вредност од над 600000 денари.

Со ова, основното училиште во селото Љуботен сега има нов современ кабинет по информатика каде децата ќе можат да се образуваат и да постигнуваат успеси.

Со децата и вработените во училиштето радоста ја сподели градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, кој истакна дека рамномерен развој и подеднаков напредок на општина Бутел е негов приоритет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.