Една од најстарите културни манифестации, со традиција од безмалку 40 години и квалитет со каков што не может да се пофалат ниту многу поголеми градови, побогати држави и пореномирани институции е секако „Скопскиот џез фестивал“ ( SJF), кој со години се одржуваше токму во „Универзална сала“. На нејзината сцена во рамките на фестивалските денови настапиле најголемите светски имиња во оваа област.

Неговиот основач, Оливер Белопета, со свој став за ступидната бесмисленост за уривање на „Универзална сала“, но и песимизам дека таа ќе биде реновирана и променета во ново руво на истото ова место каде што е сега, како и апсолутна недоверба во „евтините приказни“ на градскиот татко за изградба на некаков нов, далеку поскап „мултимедијален центар“ на нова локација.

Ова е мојата омилена фотографија од Скопскиот џез фестивал и Универзалната сала. Направена во 2006 година од Žiga Koritnik , непосредно пред настапот на Ornette Coleman. Поглед од зад сцената. Вообичаено џез фестивалот го посетуваа драги колеги од Европа и светот кои постојано говореа дека истите концерти во Скопје биле подобри отколку на нивните фестивали.Зошто? Најпрецизниот одговор постојано доаѓаше од самите музичари. “Бевме посебно инспирирани од амбиентот, велеа, од акустиката на салата и блискиот контакт со публиката“. Акустиката, со оние висечки “печурки“, мошне занимлива приказна од средината на седумдесетите години, е дело на австриски експерти. А “интимниот“ контакт помеѓу музичарите и публиката го обезбедува амфитеатралниот карактер на гледалиштето. Не случајно античките Грци граделе амфитеатри, подоцна ги правеле и Римјаните, но во целосна кружна форма и за друга намена.
Скопје нема концертна сала (Универзална предолго се распаѓаше). МОБ и Филхармонија тоа не се, Тие, иако служат за се и сешто, имаат прецизна функционална намена. Скопје нема ниту вистинска летна сцена. Да, најдобро би било да добиеме нова Универзална сала, која проектно ќе води сметка за стариот амфитеатрален облик (и одвнатре и однадвор), со приближно истиот капацитет и на истата локација. Само, многугодишното искуство со сега воскреснатиот “случај Универзална“ барем мене ми укажува дека тоа нема никогаш да се случи. Како и некаков фантазиран, далеку поскап “Мултимедијален центар“ – напиша Белопета на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.