Пламени јазици се шират кај Петровец. Едно пожарно возило во моментов е таму, а според видеото кое во живо го пренесува новинарот Огнен Јанески на Фејсбук беше забележливо дека гори оган и има густ чад. Неконтролирано се палат стрништа и сува трева.

Јанески во текот на постирањето на видеото соопшти дека од Противпожарната единица за ТВ24 рекле дека пожарите не се опасни бидејќи горела сува трска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.