Скопските пожарникари најавија нови протести, градоначалникот Петре Шилегов им се закани дека ќе распише оглас и дека ќе прими нови пожарникари.

Пожарникарите побараа со платите да им се исплаќа надомест за опасност на работното место, а тој им рече дека за да се случи тоа, треба да се смени законот, во јуни 2021 година.

Пожарникарите ќе се преселат пред канцеларијата на градоначалникот Шилегов, но најавија дека нема да ги доведат граѓаните во опасност, бидејќи во секое време во нивната база ќе функционира дежурната чета подготвена за евентуални интервенции.

Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари. Законски основ за исплата на тоа што го барате засега нема. Треба да се смени законот во јуни 2021. Порано не може, им рече Шилегов во тензичната расправија.

Такавиот негов однос наиде на голем број критики на социјалните мрежи, особено на Твитер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.