Ние како група на граѓани кои живееме во непосредна близина до центарот за зависности во Кисела Вода се обракаме до Вас со образложение зошто утрово и секој нареден ден од сега ке ја блокираме раскрсницата кај булеварот Борис Трајковски. Имено ние се бориме со овој хорор филм повеќе од 20 години. Последнава година излеговме многу пати на протести, но бевме целосно игнорирани од одговорните институции, стои во статусот објавен на Фејсбук жотелите кои мака мачат со нивните барања за дислоцирање на центарот за зависности во Кисла Вода.

 

Од министерот Венко Филипче добивме писмено ветување дека до 6 мај оваа година болницата целосно ке биде дислоцирана ни тоа не се случи. Сите наши протести беа целосно игнорирани од скоро сите медиуми.

Секоја чест на исклучоците. Ние не сме политички ориентирани и се бориме за нашите деца да не растат со трауми од болницата во која нема никакви услови да се лекуваат зависници од дрога. Наша секојдневна глетка се шприцеви и полуголи нарко зависници кои се дрогираат пред нашите дворови.

Потенцираме дека ниту моменталната власт ниту било која претходна власт во последниве 20 и повеќе години не биле ни малку заинтересирани за решавање на нашиот проблем. Ние се извинуваме на нашите сограѓани за нервозите кои ги имаа утрово и ќе ги имаат понатаму,но додека нашиот проблем не се реши нема да застанеме, напротив ќе бидеме уште порадикални со нашите протести, пишува во статусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.