Почнувајќи од петок (29.05.2020 год) повторно почнува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год), соопштуваат од ЈСП.
Бесплатниот автобуски превоз ќе важи во истите денови како што важеше и претходно – во вторник, петок, сабота и недела.

Од ЈСП апелираат на „рационално користење на превозот“, како и на задолжително носење маски, односно заштитна опрема, согласно уредбите за заштита од Ковид-19.

Сепак, се поставува прашањето колку почитувањето на мерките во автобускиот превоз ќе биде остварено, но и остварливо:

„Не можат возачите секој патник да го контролираат и не можеме на секој човек да му залепиме уште по еден човек кој ќе го потсетува да се придржува кон основната култура кога епидемијата е во прашање“, изјави минатата недела скопскиот градоначалник Петре Шилегов, прашан зошто се дозволува во автобусите да се возат граѓани што не носат маска. За опуштеноста на граѓаните Шилегов тогаш го обвини министерот за внатрешни Наќе Чулев, поконкретно неговата изјава дека нема да ги казнува граѓаните што не носат маска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.