Градските власти информираат дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје ќе почне на 31.07., среда (авионско) и на 04.08.2019 година, недела (терестрично).

Авионската дезинсекција ќе се одвива на 31.07.2019 година (среда) и на 01.08.2019 година (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе почне на 04.08.2019 година (недела) и ќе заврши најдоцна до 07.08.2019 (среда). Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.

Како што додаваат, доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.