Попусто биле 540-те контејнери и големи и со упатство и со педала, кога зјаат отворени и кога не се чистат редовно, па се претвораат во депонии.

Овие фотографии се направени на улицата Даме Груев, кај полициската станица Беко, во строгиот центар на Скопје.

Не е првпат комуналното претпријатие задолжено за чистење на контејнерите, кое е под капа на Градот, да го заобиколи Центарот, па преполни контејнери да има во стргиот Центар на секој чекор.

Овие контејнери Шилегов ги набави во 2019 година.

Новите 540 статични контејнери за комунален отпад се речиси со три пати поголем капацитет од досегашните. Опремени се со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отварање, рачка за отварање прилагодена за лица со посебни потреби и на нив има упатство за правилно користење, се фалеше тогаш тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.