Постои најава за посилен ветер, до 80 километри на час, во попладневните часови, предупредуваат од Општина Карпош, каде што пред невремето пред два дена ги направи најголемите штети, а еден човек беше повреден.

Од Карпош додаваат дека се во постојан контакт со УХМР и препорачуваат:

– бидете на безбедно и засолнети;
– не ги паркирајте возилата под дрвја;
– пријавете евентуални штети до општина/полиција;
– не ширете паника и проверувајте ги информациите кои ги читате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.