Зимската служба на Град Скопје од денеска е ставена во фунција, а со тоа и координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје, врз основа на Програмата усвоена од Советот и средствата предвидени во Буџетот.

Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал.

Како што информираат од Град Скопје, со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.

Коловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/. Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови, се наведува во соопштенеито.

Кризниот штаб, апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни.

Воедно апел испраќаат и до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови.

Зимската сезона почнува денеска, а завршува на 15.03.2022 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.